Во денешното обраќање пред српскиот народ, по повод вчерашниот упад на демонстрантите од протестот „1 од 5 милиони“ упаднаа во зградата на Радио-телевизја Србија (РТС) во Белград, Александар Вучиќ соопшти дека не стравува од никого, и дека Србија нема да дозволи насилства. Тој порача дека сите оние кои се подготвени со насилство да решаваат проблеми, да бидат подготвени и на понатамошни последици.

-Овие луѓе надвор кои свиркаат и кои имаат пораки, на нив им е дозволено да протестираат, се додека тоа не прејде во насилство. Тоа се случи синоќа во РТС. Не можеа на мене, па насилно влегоа и се закануваа на исплашените дами во Радио Телевизија Србија. Можете да претпоставите како се чувствуваат сега тие – рече Вучиќ.

Меѓу оние кои упаднаа во зградата на националната телевизија беше и Драган Џилас, лидерот на опозициската коалиција „Сојуз за Србија“ (СЗС), официјално формирана на 2 септември 2018 година. Вучиќ истакна дека на вчерашниот протест имал околу 1.500 луѓе, а дека денеска се уште помалку. Тој во обраќањето се насочи кон организаторите на протестите. Вели дека не им се плаши, Србија ќе биде стабилна земја. Вучиќ нагласи дека нема да дозволи никој со насилство да решава проблеми. Оние кои се подготвени на насилство, нека бидат подготвени подоцна да сносат и последици.

Наидоа на тврд орев, на некој кој не се плаши, кој не се плаши да им каже дека не вредат. Немам страв, можам само да го изгубам животот. Немам 500 милиони евра и немам што да изгубам, рече Вучиќ.

Како што рече српскиот претседател, главна вест во Приштина била дека е Џилас е претепан, а всушност никој не го допрел. „Само тој тапаше луѓе“ нагласи Вучиќ.

Тој истакна дека сево ова насилство е со поддршка од Приштина.

Мислев дека Харадинај се шегува кога ми зборуваше дека ќе ме сруши, сега гледам дека има соработници. Но наидоа на тврд орев, на некој кој не се плаши. Не е нивна мета и РТС, туку мета е тој што во лице им кажува дека се најголеми крадци – изјави српскиот претседател.

Мислам дека никој никогаш не одржал конференција во вакви услови, но страв не смее да постои. Она што ми е мене важно е да ги замолам нормалните, пристојни луѓе да не учествуваат во насилството, рече српскиот претседател.

Вети дека Србија ќе ги победи хулиганите и фашистите. Тој додаде дека нема да разговара ниту со лидерот на крајно десничарското движење „Двери“, Бошко Обрадовиќ, кого го нарече фашист. Инаку, „Двери“ е дел од коалицијата СЗС.

Ниту сега кога животот ми е во опасност, воопшто не се плашам, повтори претседателот на Србија и додаде дека поддршка очекува само од својот народ и дека не го интересираат реакциите на западните амбасади.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.