На отворената седница на српската Влада, на која присуствуваше претседателот Алекандар Вучиќ, тој оцени дека отворањето на кластерот 4 е важен сигнал дека ЕУ го поддржува натамошниот напредок на Србија на нејзиниот европски пат, но и дека во Србија се работело вредно и добро.
Ние сме единствената земја од Западен Балкан на која нешто и е отворено на меѓувладината конференција во Брисел. На тоа ние не се радуваме, затоа што би го сакале тоа и за другите, особено за нашите пријатели од Македонија, но од билатерални причини тоа не е направено – изјави Вучиќ.
Кога станува збор за состојбите во регионот, Вучиќ посочи дека е забележливо што со посебно внимание се следи напредокот на Србија.
Вучиќ оцени дека е забележливо дека Загреб и Приштина на најистакнат начин, но и делови од политичко Сараево изразуваат незадоволство кога ја следат брзината на напредокот на Србија, зајакнувањето на нејзината финансиска моќ, но и зајакнувањето на армијата, со желба тоа да не се случува.
За нас е важно да се придржуваме до нашата политика на почитување на Дејтонскиот договор, интегритетот на БиХ, но и на Република Српска – изјави Вучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.