Ова е моментот кога претседателот Вучиќ беше информиран дека ќе ја премести (српската) амбасада во Израел во Ерусалим, сподели копретседавачот на Европскиот совет за надворешни работи, шведскиот дипломат Карл Билт, на Твитер.
Реакцијата на претседателот на Србија беше зачудувачка, за време на обраќањето на Трамп во Овалната соба на состанокот за нормализирање на економските односи меѓу Белград и Приштина. Од снимката може да се претпостави дека Вучиќ како да слушнал за оваа точка за прв пат, а погледот упатен кон членовите на српската делегација предизвикува сомнеж дека не знаел што потпишува.
Трансферот на српската амбасада во Ерусалим е последната точка од договорот потпишан во Белата куќа во петокот. Со тоа, Србија се обврзува да отвори канцеларија на Стопанската комора во Ерусалим, како и државна канцеларија до 20 септември, како и да ќе ја премести амбасадата во Ерусалим до 1 јули 2021 година.
Here the moment President Vucic 🇷🇸 was informed that he was going to move his Israel 🇮🇱 embassy to Jerusalem. pic.twitter.com/8195dGDZQT
— Carl Bildt (@carlbildt) September 5, 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.