Бидејќи луѓето живеат подобро, добро е да се види дека барањата растат, вели претседателот на Србија, Александар Вучиќ, зборувајќи за животната средина инајавените протести.
Барањата ги добивме, ги исполнивме, сите го кажаа тоа, а на сите им е јасно дека новите барања се политички, и дека нема ништо повеќе од тоа, изјави Вучиќ.
Како што вели, „ги исполнивме барањата бидејќи го слушавме народот“, пишува српски Блиц.
Го слушав народот во Годњи Недељице, а што велат политичарите тоа не ме интересира особено, рече тој и додаде дека „покажавме добра волја кон граѓаните“ во тоа што го правиме.
Тој говореше и за денешната расправа со измените на Законот околу референдумот.
Ако беше тој страшен проблем, и поради тоа требаше да се блокираат автопатиштата, нема проблем, еве го решивме и тоа. Или дека референдумот не може да се повтори во рок од две до четири години. А сега и тоа не им е доволно, рече Вучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.