Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека идната срспка влада ќе биде коалциона со СПС на Ивица Дачиќ и СПАС на Александар Шапиќ и дека ќе има  ограничен рок од две години, се до вонредните парламентарни избори, кои ќе се одржат паралелно со претседателските, не подоцна од 3 април 2020 година

Лидер на Српската напредна партија (СНС), на прес конференција по седница на претседателството на неговата паертија, изјави дека лидерот на Социјалистичката партија на Србија (СПС) Ивица Дачиќ ќе биде идниот претседател на српското собрание.

Вучиќ соопшти дека на седницата на СНС, врз база на големото мнозинство што го освои партијата на парламентарните избори и поради пандемијата на корона вирусот, донесени се шест препораки и приоротети за мандатарката Ана Брнабиќ за идната влада.

Во препраките кои Вучиќ ги истакна се борбата против епидемијата, борбата за Косово со подготвенсот за компромисно решение, борбата против мафијата, реформи во правосудството и евопските интеграции, економски раст на Србија од 6%, борба за суверенитетот и независноста на Србија со воена неутралност.

Имаме мнозинство и тоа значи голема одговорност. Имавме 8-годишна успешна коалиција со СПС на Дачиќ и соработката ќе ја продолжиме и во новата влада, со нешто изменет формат.Ќе имаме коалиција и со СПАС на Шапиќ – изјави Вучиќ, кој додаде дека ќе се разговара и со партиите на малцинствата, за одредени раководни места, за државни секретари и директорски места.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.