Нашите служби сооштија дека е можно Косово да добие добро познато германско оружје за уништување на противоклопни возила и хеликоптери, како и пушки Г-36. Вака реагирал претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на пишувањата на дел од српските медиуми дека Германија ја вооружува косовската армија, а информацијата ја побарал од Агенцијата за воено разузнавање веднаш штом ја прочитал веста по медиумите.
Не мислам – иако не ја исклучувам можноста дека ќе добијат тенкови „Леопард“. Нешто чудно се случува, сите се вооружуваат во регионот – изјавил Вучиќ.
Коментирајќи го фактот дека германските закони забрануваат извоз на оружје во земји што не се членки на НАТО, Вучиќ истакнал дека пред неколку години Србија не можела да ги добие пушките „Хеклер“ и „Кох“ од Германија и затоа се определиле за белгиската пушка, која е исто фантастична.
Тој вели дека денес добил извештаи за целиот регион од претставниците на Српската армија и дека бил изненаден кога го видел тоа, затоа што не ги гледал тие извештаи два и пол месеци. Како што вели тој, Србија заостанува во однос на Хрватска кога станува збор за оклопните возила и затоа ќе направи најголеми нарачки од домашната индустрија за Лазар и Милош и ремонт на пешадиските возила.
Тој додал дека Србија има свои предности, за кои не би зборувал. Вучиќ исто така рекол дека има огромен проблем со обуките и дополнителното вооружување на Косовската армија, но посочил дека Србија ќе биде заштитена.
Според претседателот на Србија, земјата ќе може сама да се заштити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.