Нема опасност да потпишам договор за признавање на независноста и точка. Го кажав тоа јасно и гласно, рече српскиот претседател, Александар Вучиќ од Вашингтон.

Првиот документ што го добивме имаше наслов Економска нормализација. Двете страни пристигнаа и домаќинот ни подели документ, во кој нашата страна претходно немаше увид. Тој документ беше ужасно тежок, имаше 15 или 16 точки, а една од нив беше меѓусебно признавање. Јас го одбив тоа. Тоа не е никаква новост, само што ние сметавме дека тоа не треба да стои во документ за економска стабилизација. Од кабинетот на (американскиот претседател Доналд) Трамп беа фер и нѐ сослушаа. Во другите документи таа одредба повеќе ја нема – кажа Вучиќ.

На новинарско прашање, за тоа дека специјалниот советник на американскиот претседател за преговорите Ричард Гренел, на Твитер демантираше дека такво нешто имало во документот, Вучиќ не сакаше да коментира, само рече дека е погрешно да се мисли дека е лесно да се преговара со Гренел и дека не треба да се работи против својата земја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.