Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера најави дека и покрај привремената
Одлука на властите во Србија за забрана на извоз на основните прехранбени производи
поради епидемијата на коронавирусот и воведената вонредна состојба, сепак ќе им се
излезе во пресрет на барањата на земјите во регионот, пред се на Македонија, Босна и
Херцеговина и Црна Гора, за извоз на брашно во тие држави.
Според „Телеграф“, српската Влада го дозволила извозот на брашно, што е потврдено и
во „Службениот гласник“ на Србија, пренесува МИА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.