Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за време на гостувањето на државната телевизија РТС извади кутија со лекот „бавланивимад“, кој се користи во третманот на ризични случаи на инфекција со коронавирус.
Станува збор за исклучително скап американски лек.
Значи, ако некој како мене, што има висок крвен притисок и што има прекумерна тежина, ја добие оваа ампула тогаш ќе биде излечен 95 проценти. Овој американски лек против корона чини 600 долари – рече Вучиќ.
Тој посочи дека во понеделник ќе дојдат 1.800 вакви ампули во Србија, а лекарите многу бргу ќе ги имаат во протоколот.
Вучиќ рече дека со ова сакал да покаже колку српската држава се бори да ги спаси животите на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.