Претседателот на Србија и врховен командант на Војската на Србија, Александар Вучиќ, на непозната локација ги посетил единиците на војската и разговарал со нив за нивните задачи.

Вучиќ, во придружба на министерот за одбрана, Александар Вулин, и началникот на Генералштабот генерал-полковник Милан Мојсиловиќ, ги посетил припадниците на Војската на Србија, објави РТС.

Вучиќ на тајна локација ги посети српските војници (фото: РТС)

Како што вчера најави српското Министерството за одбрана, Вучиќ во следните три дена ќе ги посетува единиците во Копнената зоната на безбедност и во јужниот дел на Србија.

Српските медиуми објавија дека во наредните неколку часа се очекува тој како врховен командант на Војската на Србија да донесе конкретни одлуки во врска со ситуацијата на Косово и формирањето „косовска војска“.

Вечерва во 20 часот се очекува вонредно обраќање на Вучиќ до српската јавност по повод ситуацијата во Косово и Метохија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.