Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во утринската програма на Прва ТВ говореше за сите важни теми во Србија, за Косово, ЕУ, Железарата и заканите кон неговото семејство.
-Многу е битно што јас правам за Србија. Борбата за Смедерево беше голема, мислев дека е невозможна мисија. Илјадници часови работа е вложено во тоа и јас тој ден сакав да ја споделам мојата радост бидејќи спасивме 5.000 луѓе и железарата за која требаше да платиме 100 милиони евра само да ја уништиме и да останеме без ништо … Ама на некој тоа му пречело.
Вучиќ додал дека некој не можел да поднесе тој да кажува добри и убави вести, па одговорил со коментари и навреди кон неговите деца.
-На мојот син Данил му се закануваа со смрт, а на ќерката Милица со силување. Како таа се справува со тоа? На Милица не мора премногу да ѝ објаснувате. Таа е јака, таа знае … или само добро ги крие емоциите. Секогаш мислев дека сум добар психолог, но … Што би направил вашиот татко ако некој вас ви го каже тоа – рекол Вучиќ, кој смета дека станува збор за политичка омраза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.