Српскиот претседател Александар Вучиќ му се заблагодари на американскиот претседател Џо Бајден за честитката за Денот на државноста на Србија, во која покрај останатото тој недвосмислено повика на меѓусебно признавање на Србија и Косово, порачувајќи дека веќе еднаш кажал во Вашингтон што мисли за признавањето и дека неговиот одговор нема да биде поинаков, јави дописникот на МИА од Белград.

-Добив честитка од претседателот Бајден. Ви благодариме за честитките. А што се однесува до меѓусебното признавање, тоа не е наведено во актот на ниедна светска организација. Ние разбираме дека ова е нова американска политика. Имаше обид тој термин да се наметне како нешто што требаше да го прифатиме како конечно решение во Вашингтон. Јас веќе еднаш кажав во лице што мислам за признавањето и мојот одговор нема да биде поинаков, изјави Вучиќ.

-Што јас би можел да им упатам за 4 јули? Многу идеи ми паѓаат на ум. За нас денешниот празник Сретение господово е важен датум, почнавме и направивме многу за Сретение господово, затоа тоа е поважно за нас отколку американските и албанските желби, кажа Вучиќ.

Тој оцени да „сето тоа не е пријатно затоа што е јасно дека целата американска администрација ќе оди во таа насока, но гледам дека тие не брзаат да ги забрзаат Албанците да ги исполнат своите обврски.“

-И верувајте ми, ќе имав многу да ви одговорам, но тоа на нашата земја не би и донесло голема среќа, истакна Вучиќ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.