Српскиот претседател Александар Вучиќ гостувајќи на телевизијата РТС изјави дека не исклучува воведување 24-часовен карантин на територијата на главен град.

Тој наведе дека е вознемирен секој ден кога ќе чуе колку заразени и починати има од коронавирусот во Србија.

На прашањето дали во Белград ќе се воведува 24-часовен карантин, Вучиќ одговори:

Не би исклучил таква одлука – и додаде дека се чекаат бројките за таквата одлука.

Во Србија има 2,447 случаи на коронавирус, 61 починат и 118 лица излечени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.