Нормално дека САД се повеќе на нивна страна, тие ги признаа. Но, дали Трамп ќе им ја скрши кичмата на Албанците? Нема. Ниту пак Путин некого ќе скрши. Оставете ги приказните кои продаваат весници, треба да разговараме сериозно и одговорно, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ за проблемот со Косово.

Суштината, според него, е во разговорите меѓу Србите и Албанците, иако крајното решение за Косово не е возможно без да се согласат САД и Русија, но, како што истакна, никој не може да наметне решение, ни САД, ни Европа, ни Русија.

Тие го научија својот наратив дека се најизразено про Нато, проамерикански. Кога треба да дојдат до тешки решение, „ајде да ја прошириме територијата, да им ги намалиме правата на Србите, додаде тој.

Тој подвлече дека е невозможно да се постигне решение без Русија и Америка.

Може од светот кој сака и што сака да зборува. Го почитувам тоа што го кажуваат претседателот на САД, Доналд Трамп, на Русија, Владимир Путин и ЕУ, но знам дека договорот со Албанците не е ни блиску, истакна Вучиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.