Претседателот на Србија Александар Вучиќ на седницата на Советот за безбедност на ОН за трансформацијата на косовските безбедносни сили во „војска“ кажа дека е многу загрижен и малку уплашен за иднината и од иднината, пренесуваат српските медиуми.

Вучиќ најпрво реагираше на претходното излагање на генералниот потсекретар на ОН за мировни мисии Жан Пјер Лакроа, кој ги повика Белград и Приштина нешто да направат.

Не се сложувам со таа вообичаена фраза – Белград спроведе сѐ што беше договорено – кажа Вучиќ.

Тој наведе дека Приштина не ги исполни обврските од договорот што го потпиша во Брисел, како и дека ги крши ЦЕФТА договорот и Договорот за стабилизација и асоцијација.

Ситуацијата, според српскиот претседател, е ужасно комплицирана.

Уплашен сум за иднината на народите во целиот регион – истакна Вучиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.