Претседателот на Србија Алескандар Вучиќ изјави дека нема ниту простор ниту пак стравување дека Косово може да стане членка на УНЕСКО.
Вучиќ потенцираше дека на сите им е јасно оти само меѓународно признаена држава може да биде членка на организацијата на УНЕСКО, бидејки во спортивно грубо би било прекршено меѓународното право.
Уверен сум дека Косово не може да стане членка на УНЕСКО и дека Србија во организацијата на ОН и во ерата на мултилатерализмот ќе може да ги одбрани своите интереси, изјавил Вучиќ по говорот одржан на Генералната конференција на УНЕСКО.
Тој оцени дека неговиот говор на конференцијата бил уште еден обид да се заштити територијалниот интегритет на Србија со свртување на вниманието на загрозеноста на српското културно наследство во Косово, кое е под заштита на УНЕСКО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.