Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утре точно на пладне ќе се обрати до нацијата по повод вечерашните инциденти во Радио-телевизија Србија, во чија зграда упаднаа демонстрантите од протестот „1 од 5 милиони“.

Осуда за вечерашниот упад упатија повеќето српски функционери, меѓу кои и српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, кој во својство на претседател на Социјалистичката партија на Србија (СПС), кој во изјава за „Танјуг“ остро го осуди вечерашното насилство.

Секоја слика на насилство е штетна за Србија и го надминува секое политичко право на собири и протести. Насилството никогаш не донело ништо добро за Србија и истото не може да се дозволи. Недостатокот на политички идеи не смее да се замени со насилство, изјави Дачиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.