Српскиот претседател најави дека Србија ќе почне да произведува заштитни маски, квасец кој го нема во Србија, алкохол, натриум хипохлорид, а најави и голема медицинска помош со два авиони од Кина, помош од ОАЕ, Норвешка и други држави, најавувајќи дека се набавени и респиратори и околу 15 милиони маски.
Доколку во Србија се случи италијанско сценарио, ние наскоро на Белградскиот саем ќе подготвиме центар со 3000 кревети и 5000 кревети во други центри во државата.
На прес конференцијата Александар Вучиќ изрази поддршка за земјите од регионот во справувањето со корона вирусот. Тој вели дека не треба да бидеме како ЕУ од која не добиваме никаква помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.