Во присуство на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто, денеска почна изградбата на пругата Нови Сад-Келебија, долга околу 108 километри, во рамки на проектот на брзата пруга Белград-Будимпешта, јави дописникот на МИА од Белград.
Комерцијалниот договор за модернизација и реконструкција на таа делница, вреден 943 милиони евра, беше потпишан во 2018 година од страна на Инфраструктура на железниците на Србија со конзорциум од кинеските компании „China Railway International-CRI“ и „China Communications Construction Company“ – CCCC), а доверител е кинеската Ексим банка.
Проектот за изградба на пругата Белград-Будимпешта е вреден околу четири милијарди евра, од кои околу две милијарди ќе чинат работите во Србија, и таа е дел од кинеската иницијатива „Појас и пат“.
Сијарто рече дека Унгарија и Србија ќе имаат голема корист од изградбата на брзата железница што ќе ги поврзува Белград и Будимпешта и дека проектот придонесува за зајакнување на пријателските односи меѓу двете земји.
– Сакаме да бидеме победници во новиот светски поредок и оваа инвестиција ќе ни помогне во тоа, рече Сијарто.
Вучиќ посочи дека Србија се однесува прагматично во односите со Кина и Унгарија, но и дека чувствува пријателство и братство со оние народи кои никој не може да ги урне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.