Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, предизвика бура од реакции на социјалните мрежи со негова изјава објавена на социјалните мрежи.

Вучиќ објави дека до март во Србија ќе пристигнат еден милион дози од вакцината против корона вирусот, но тоа што ги „разбранува страстите“ е што Претседателот беше облечен во тренирка, иако стануваше збор за официјална објава.

Почитувани граѓани на Србија, се извинувам што сум облечен вака, но од утрово имав неколку важни телефонски разговори со наши пријатели ширум светот, за да се обидам да обезбедам што повеќе вакцини за нашите граѓани. Горд сум на нашиот народ за разбирањето на важноста на вакцинацијата, за сфаќањето дека здравјето е поважно од било што за нашата земја.Одлична вест за Србија. Добив потврда од наши пријатели дека ќе обезбедиме скоро уште милион вакцини во неколку фази, до крајот на февруари и март. Да живее Србија! – изјави Вучиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.