По пишувањето на српските медиуми, српскиот претседател Александар Вучиќ денес потврди дека издал наредба ако е потребно, поради мигранстската криза, херметички да се затворат границите.
Издадов наредба на српската војска, го замолив Бирото за соработка со сите (безбедоносни) служби, како и МВР и српската Влада, доколку дојде до загрозување на националната безбедност, можеме речиси херметички да ги затвориме границите на нашата земја, изјави Вучиќ.
Тој додаде дека Србија отсекогаш покажувала солидарност и им помагала на мигрантите, но, како што кажа, „ние да бидеме единствена жртва и земјите од Западен Балкан тоа да бидат, тоа нема да се случи“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.