Инвазијата на полицијата во северно Косово и реакцијата кон она што се случи на западните земји ја уништија довербата и партнерските односи на Србија со Западот. Тоа го рече српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за „Прва“, објави ТАСС.
Она што се случи во вторникот во северно Косово помина некои граници. Ми се чини дека меѓународната заедница првично не сфати дека е премината границата на трпението, сега тоа на некои места го разбираат и прашуваат: „А што точно се случило, откако оваа граница е премината?“ Се вели дека треба да се преминат десет чекори за да биде загубена довербата, но она што се случи, беше преминување не на десет, туку на дванаесет, при кои Албанците ја уништија нашата доверба“, рече Вучиќ вчера, цитиран од агенциите.
Проблемот не се состои во последиците од инцидентот, туку проблемот е поврзан со животот на 28 лица и уште поголемиот проблем се состои во уништувањето на верата во партнерските односи со западниот дел на меѓународната заедница по прашањето за Косово“, додаде претседателот.
На 28-ми мај, косовската полиција влезе во општините населени со Срби во северно Косово и уапси 28 лица, меѓу кои и руски државјанин и офицер на мисијата на ОН, Михаил Красношчеков, кој има дипломатски имунитет, додава ТАСС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.