Бројките покажуваат дека во Србија има најмногу заразени со коронавирусот од сите земји во регионот, а српскиот претседател Александар Вучиќ објаснува дека тоа е така затоа што во оваа земја се прават најмногу тестирања во сопредба со другите држави.
Само вчера беа тестирани 7.000 луѓе. Како мислите некоја друга земја од регионот да има повеќе заразени кога скоро сите држави тестираат до 1.000 луѓе?, рече Вучиќ на конференцијата за новинари.
Тој додаде дека најголемиот број земји од регионот тестираат до 1.000 луѓе на ден, но и дека има земји кои воопшто не тестираат.
Ние можеме утре да прекинеме со тестирање или да тестираме по 300 луѓе дневно, па тогаш ќе имаме само пет, шест, два или три заразени луѓе, истакна Вучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.