Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Ричард Гренел е во посета на Косово, Србија и Грција.
Тој вчера се пофали на Твитер дека одлично си поминал на вечерата во Белград што му ја организирале претседателот Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ. Тие го однеле гостинот на еден брод на Дунав и имало добра забава.
Срби и Американци пеат за Алабама и Западна Вирџинија, неверојатна ноќ-напиша Гренел.
Најмногу се пееле “Country roads” i “Sweet home Alabama”.При тоа Вучиќ му подарил колекција српски вина, а пак Гренел биографија за Белата куќа.
Serbs and Americans in Belgrade singing about Alabama and West Virginia is an amazing night. pic.twitter.com/PBsojnKUA8
— Richard Grenell (@RichardGrenell) September 23, 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.