Констатацијата на претседателот на Србија Александар Вучиќ дека на вечерата со високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини лидерите на Западен Балкан покажале подготвеност за јакнење на меѓусебната соработка, ја нави и атмосферата пред почетокот на вечерата во Брисел, пишуваат српските медиуми.

Ба снимката објавена на Јутјуб каналот на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ средбата на лидерите од регионот е опуштена, а од неформалниот дел најмногу внимаие привлече шегата меѓу Вучиќ и Тачи, кој во неформалниот дел со колегите зборувал на српски.

Забелешката на српскиот претсетадел ушатена до косовскиот колега Хашим Тачи на прошталната вечера кај еврокомесарката за надворешна политика Федерика Могерини“ предизвика најмногу внимание во регионалните медиуми.

Могерини во Брисел ги собра лидерите на земјите од Западен Балкан на проштална вечера.

Тие и изразија голема благодарност за посветеноста и напорната работа да ги приближи овие земји кон ЕУ и да рзвие меѓу нив дијалог, посебно меѓу Србија и Косово.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.