Како и сите други домаќини кои денеска го слават Свети Никола, обележувањето на славата и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го започнал со осветување на славскиот колач.
Заедно со синот Данило и братот Андреј, претседателот на Србија поранил во црквата Свети Марко во Белград.
Машките претставници на семејството Вучиќ со свештеник го извршиле обредот на сечење на славскиот колач.
Претседателот на Србија вчера раскажа како во неговиот дом се одбележува домашната слава,
Одам во црква рано изутрина. Не сум некој кој иде во црква доволно често, но овој ден за мене е посебен. Таму кршам колач и потоа ќе се собереме да прославиме – изјави Вучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.