Александар Вучиќ бил прислушкуван од 1995 до 2000 година, па од 2000 до 2003, па од 2007 до 2012 година, и тоа без никаков налог од суд или било каква наредба или мерки засновани според закон, рекол министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ, пренесува „Блиц“.

Тој додал дека и по толку години прислушкување и следење на комуникациите на Вучиќ, „ниту против едно лице не е покрената било каква постапка, ниту поднесена кривична пријава, што зборува дека е следен некој само затоа што е политички противник“.

Стефановиќ кажал оти Вучиќ од 2007 до 2012 година бил прислушкуван „од повеќе лица кои комуницирале со него, а биле означени како екстремисти“. Меѓу тие личности биле Горан Весиќ и Владимир Ѓукановиќ, рекол тој, па додал дека останатите имиња не може да ги сподели, поради заштита на приватноста.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.