Претседателот на соседна Србија, Александар Вучиќ за ТВ „Прва“ изјавил дека на инаугурацијата на Стево Пендаровски го замолил Македонија да не се изјаснува за Косово.
Единствената работа за која го замолив Пендаровски на инаугурацијата беше: внимавајте, како Господ ве молам, гледајте за тие теми за Косово и Метохија да не зборувате – рекол Вучиќ.
Тие, секако, спротивно на мојата молба, го направија тоа за да се истакнат и да се умилкуваат на Германците, рекол српскиот претседател за изјавата Пендаровски за поделбата на Косово.
Претходно српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, кажа дека Србија ќе одлучи како ќе ги реши проблемите на Косово и Метохија, а Пендаровски ниту некој ќе го праша, ниту некој ќе бара негово мислење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.