Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој прими пратка од милион дози од кинеската вакцина, најави дека новинарите ќе бидат ставени на списокот приоритетни граѓани за раната фаза од масовната вакцинација во земјата.
Вучиќ соопшти дека побарал такво нешто од Владата и тоа на иницијатива на Здружението на новинари на Србија.
Мојата иницијатива дојде до Владата на Србија, а тоа е да ги ставам новинарите на приоритетната листа за вакцинација. Ги замолив премиерот и министерот Лончар да го сторат тоа веднаш, за да можат од понеделник и вторник новинарите да се вакцинираат веднаш, да не се загрозуваат себеси или своите најблиски, но и соговорниците со кои разговараат на теренот – изјави Вучиќ и ги замоли сите медиумските работници од понеделник да се имунизираат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.