Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, нагласи дека ги отфрлил сите наводно компромисни предлози во врска со ситуацијата на Косово. Според него, нема да разговара за тоа, но не наведе кога пристигнале предлозите или што било понудено.
Тој додаде дека трпението на Србија не е неограничено, дека „се може да се направи со сила, но дека Србите нема да се согласат со тие потези“.
Ако продолжи да се загрозува имотот на Србите од северот на Косово, ќе ги повикаме КФОР и НАТО да ги заштитат животите и имотите на српското население, но нема да дозволиме погром и прогон како во 2004 година – изјави Вучиќ.
Српскиот претседател изјави дека денешната акција на косовската полиција, која од возилата со статусно неутрални регистарски таблички „КС“ ги запленувала регистарските таблички на северот на Косово, е спроведена спротивно на договорот од Брисел, и дека „акцијата била спроведена без никаков договор со никого“.
Вучиќ за утре најави одржување на седница на Советот за национална безбедност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.