Претседателот на Србија, Александар Вучиќ гостуваше во емисијата „Упитник“ на РТС каде меѓу другото говорел и за косовскиот проблем.
Суштината е следна: Косово прогласи независност во 2008 година. Се наоѓаме во тешка ситуација, и никој нека не се прави луд во земјава. Сите знаеме што се случува на Косово и сега сите бараат вина, рекол претседателот на Србија, објаснувајќи дека кога се бара виновник, виновник е всушност тој.
Успеавме некои работи да ги вратиме од ќорсокак и да пробаме да вратиме нешто што отсекогаш беше изгубено.
Тој рекол дека на дипломатски план не се случува ништо и дека ситуацијата на Косово може да го опише како замрзнат конфликт.
Вучиќ на прашањето за разграничувањето дека Србија нема јасна граница и дека едни сметаат едно, други друго.
Додека сум претседател нема да признаам независност на Косово. За 10-15 години ќе има некоја друга влада и претседател кој ќе го признае Косово, јас нема, рекол Вучиќ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.