Српскиот претседател Александар Вучиќ уверува дека неговата земја нема да го признае Косово додека тој е на функцијата.
До април 2022 година, кога ќе бидат одржани претседателски и парламентарни избори во Србија, Белград сигурно нема да признае независност на Косово. Потоа народот одлучува, изјави тој за српската Прва ТВ.
Вучиќ се изјасни и околу можноста Србија да стане членка на НАТО, бидејќи е воено неутрална земја.
Мислам дека тоа е најдобра позиција – сами да ги чуваме својата земја, небото и својот народ и ќе продолжиме да се однесуваме така, изјави Вучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.