Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се надева оти премиерот на Велика Британија Борис Џонсон ќе ја посети Србија.
Ќе ни биде голема чест британски премиер по долги години да ја посети Србија, рече Вучиќ и се обрати до амбасадорот на САД во Србија Ентони Годфри.
Ние не паметиме кога последен пат во Србија дошол претседател. Мислам дека Картер беше, време е и Трамп да дојде, порача Вучиќ, пренесе „Б92“.
Прво доаѓа Џонсон, потоа и Трамп, нагласи српскиот претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.