Изненаден сум од изјавата на Авдулах Хоти дека во Брисел се пишува конечен договор. Ние не знаеме ништо за тоа. Ќе бараме да разговараме за неисполнување на она што беше потпишано во април 2013 година, а тоа е Заедницата на српски општини, изјави Александар Вучиќ на прес-конференцијата во Претседателството на Србија.
Српскиот претседател додаде дека „пред Србија не се лесни и едноставни денови, што се однесува до Косово“, и дека ќе бидат потребна многу сила и енергија за да се зачува позицијата на искрен партнер, како и да се обиде да се постигне компромис.
– Делегацијата на Србија, предводена од Марко Ѓуриќ е апсолутно подготвена да разговара со косовската делегација. Сакаме сериозни, конкретни разговори, но ако некој мисли дека Србија ќе биде вреќа за удирање, тогаш мислам дека тоа е многу погрешна политика и дека нема да не однесе никаде, истакна Вучиќ, додавајќи дека економијата е една од најважните делови во разговорите.
Обраќајќи се на нацијата, Вучиќ рече дека Србија треба да биде силна и да отфрли сè она што не претставува компромис и за што се стреми приштинската страна.
– Ние се согласивме суштински да учествуваме во дијалогот со Приштина под покровителство на ЕУ, со цел да ги решиме нашите децениски проблеми. Ќе побараме од ОВК сама да отвори свои архиви, затоа што веруваме дека е важно семејствата на исчезнатите да знаат каде се нивните деца и браќа, кажа Вучиќ, посочувајќи дека враќањето на внатрешно раселените лица во Косово е најниско во светот и дека само 1,9 отсто од Србите се вратиле на Косово
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.