Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска соопшти дека делта сојот на коронавирусот, пристигнал во Србија.
„Се плашам од претстојната есен, апелирам до сите да се вакцинираат. Делта сојот веќе сигурно е стигнат, утрово разговарав со експертите, загрижен сум за тоа, ќе поминеме уште месец или два во мир, потоа ќе видиме како и што“, рече Вучиќ во изјава за медиумите.
Тој исто така посочи дека Велика Британија има голем проблем со новите соеви на вирусот, иако најголем дел од популацијата се вакцинирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.