Првичните сознанија од „сеопфатната и детална истрага“ за тоа кој, по чија наредба и со каква цел го прислушкувал српскиот претседател Александар Вучиќ, навестуваат дека Вучиќ бил прислушкуван и тајно следен од моќен човек од врвот на државата,
Како што објави „Вечерње новости“, тоа го потврдила заедничката истрага на Министерството за внатрешни работи (МУП) и Безбедносно-информативната агенција (БИА), која е строго затворена и трае веќе некое време.
Моментално, во тек се сослушувања, на прво место на припадници на Службата за специјални истражни методи на Управата на криминалистичката полиција. Во надлежноста на Службата е и спорведување електронски надзор. Истражните работи ги спроведува Секторот за внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи – пишува „Вечерње новости“.
Српскиот претседател Александар Вучиќ на 31 декември изјави дека бил прислушуван и дека „тоа го правеле домашни“, а „надлежните органи ќе утврдат дали се поврзани со странци“.
Прислушувањето на шефот на државата е директен обид за државен удар – изјави Вучиќ.
Српскиот претседател истакна дека бил прислушуван долго време, од година до година и пол и објави дека има докази за тоа – свои снимени разговори, а верува и дека знае кој стои зад тоа.
Таблоидот близок до Вучиќ, „Информер“, дури тврди дека „планираниот обид за државен удар бил спречен во последен момент“.
Министерот за внатрешни работи, Александар Вулин, информира дека „надлежните служби работат на истрагата.
Ќе дојдеме до вистината, а судските органи ќе го сторат своето. Претседателот на Србија ѝ даде на полицијата целосно одврзани раце да ја утврдат целата вистина во овој случа – порача Вулин
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.