ко нешто сум му ветил на Западот за прашањето на Косово и Метохија, како што некои тврдат, како тоа до сега не сум го исполнил, рече српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за РТС. Тој синоќа гостуваше во емисијата Упитник, каде порача дека ќе продолжи да се бори за Косово и Метохија и српскиот народ со цело срце и жар.

На прашањето да го коментира тоа што Вук Јеремиќ кажа дека „Вучиќ и Тони Блер разговараат во ОН за модалитетите на признавање на косовската независност“ и дали нешто му ветил на Западот, Вучиќ одговори:

Како тоа досега не сум исполнил ништо и како тоа досега не го решиле она што сметаа дека го решиле во 2008 година?

Тој додаде дека издржале тешки притисоци и дека ќе има уште потешки притисоци.

Србите не бегаат од компромис. Знам дека Србите мислат и не бегам од истражување. Борбата ќе ја продолжиме, компромисот не е пораз на Србија, знам дека до него тешко ќе се дојде, бидејќи српските уши тоа не сакаат да го слушнат – посочи Вучиќ.

На коментарот на водителката дека не соопштил што значи компромисот, Вучиќ кажа: „Никогаш не соопштив што значи компромисот… Иако овие експерти би го прифатиле моделот на двете Германии, не сум сигурен дека тоа е најповолното решение – затоа што некој мора да се занимава со иднината на одговорен начин. Некој мора да разбере што е најдобро, но тоа би било многу полесно да се испорача, отколку некои други нешта“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.