Вториот од двајцата руски дипломати, кои Бугарија на 23 март ги прогласи за персона нон грата под обвинение за шпионажа, ја напуштил државата.

Втор руски дипломат, на кого претходно му беше дијагностицирана инфекција со корона вирус се опорави и ја напушти територијата на Бугарија – соопшти портпаролот на руската амбасада во Софија.

На 23 март, бугарското Министерство за надворешни работи прогласи двајца дипломати во руската амбасада во Софија за персона нон грата и им даде 72 часа да ја напуштат земјата поради активности, наводно, неспоиви со нивниот дипломатски статус.

Руската амбасада соопшти дека „ја смета одлуката на бугарската страна за неоснована”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.