Патријархот Вартоломеј Први, кој во 2015 година беше награден од поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев за заслуги, го вознемири целиот православен свет со две непријатни новини, пишува бугарски „Гласови“. Првата е неговата намера на Бадник да го врачи указот за автокефалност на Украинската црква, со што, категорични се богословите, забива нож во срцето на православието. И втората дека, имено, Бугари ги украле ракописите заради кои тој го даде на суд Пристонскиот универзитет.

Тој повел судска постапка против Пристонскиот универзитет, со која бара од таму да му бидат вратени ракописи стари 1000 години, за кои тврди дека биле украдени од Бугари во текот на 1917 година од мнастир во Северна Грција. Наводно, Бугарите кои го нападнале манастирот „Теотокос Ејкосифоиниза“ ги убиле монасите и ги украле древните ракописи.

Без сериозни аргументи Вартоломеј ги нарекува овие Бугари како „банда од 60 престапници и тоа уште пред судскиот процес и да започне. Пред извесно време, истиот тој Вартоломеј ја укори БПЦ дека сака да е црква-мајка на македонската и рече дека само Константинопол е црквата-мајка, т.е. сите цркви ги смета за „свои“ и раководени од него.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.