На средбата на експертската група во Министерството за здравство на Хрватска, во среда, покрај зголемувањето на капацитетот за тестирање, договорен е и нов режим за болниците.
Ова се должи на големиот пораст на бројот на корона бројките. Во среда во Хрватска има 4571 новозаболени од корона, 1207 хоспитализирани, од кои 153 пациенти на респиратор, а 26 починаа. Денеска пак, 4154 новозаразени.
Со новиот режим, кој се воведува поради влошената епидемиолошка состојба, сите најголеми болници во Загреб стануваат ковид болници.
Ова пред се значи отворање нови капацитети за пациенти со Ковид, во болницата Дубрава, болницата во Загреб и Клиничката болница Сестри на милосрдието.
Зголемувањето на капацитетите на болниците мора целосно да се реализира најдоцна до понеделник, пишува Индекс.хр.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.