Ситуацијата на грчко-македонската граница почнува да се влошува. Имено откако пред некој ден, турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, ги тргна блокадите и и ги пушти бегалците слободно да поминуваат, речиси 100.000 мигранти тргнаа кон Европа. Нивната рута води преку Македонија, поради што, како би се заштитиле од напливот на бегалци, надлежните преземаат се да ги заштитат нашите граници. Поради тоа голем број на специјалци се распоредени на граничниот премин со Грција.
Надлежните убедуваат дека ситуацијата е под контрола, но големиот наплив на мигранти може да доведе до несакани инциденти, а не се исклучува и можноста ситуацијата да ескалира.
Како што објавуваат грчките медиуми, нивните полицајци употребуваат и шок-бомби, бидејќи мигрантите на секаков начин пробуваат да го пробијат кордонот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.