Врање е новото жариште на коронавирусот во Србија, каде денеска се забележани 53 од вкупно 114 новозаразени. Жариштето во Врање е идентификувано во рана фаза благодарение политиката на зголемен капацитет за тестирање, и ситуацијата, која се следи континуирано е веќе локализирана и под контрола, соопштија денеска српските власти.
Жариште е фабриката за мебел „Додиќ“, која е привремено затворена, а тестирани се како вработените, така и нивните семејства и луѓето со кои биле во контакт. Заразените се во најголем број асимптоматски заболени, без или со минимални тегоби.
Кризниот штаб веднаш на сила ги стави новите мерки на задолжително носење на маски и ракавици на јавни места, а засилени контроли постојано патролираат по улиците.
Доколку се исклучи од анализа жариштето во Врање, бројките во Србија и натаму покажуваат континуиран тренд на опаѓање, асе под 1 отсто заразени од вкупно тестираните (0,97 отсто во изминатите 24 часа).
Србија во моментов тестира меѓу два и 10 пати повеќе по глава на жител дневно во споредба со регионот (над 10 пати повеќе од Албанија, 4 пати повеќе од Хрватска и околу два пати повеќе од Словенија и Унгарија). Целта е со вакво сеопфатно тестирање да се фатат сите потенцијални локални жаришта и да се стават под контрола без натамошно ширење за да може ковид-19 потполно да се искорени на територија на Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.