37 годишниот Дамир Дадо Михајлович од Нови Сад брутално беше претепан и прободен со остар предмет во петокот околу 13 часот пред едно кафуле на улицата Мишо Димитријевич во Нови Сад.

Како што може да се види на една од видео снимките до кои дојде српски Курир, спортистот Михајлович, кој е зет на познатата пејачка Наташа Беквалац, седел со своите пријатели во кафулето.

Во еден момент тројца мажи го обиколиле неговиот стол , а Михајлович штом ги видел станал за да не направи хаос и неред во кафулето. Тој со раката им замавнал да се тргнат на страна, а потоа еден од тројцата дошол до него и започнала тепачката.

Набрзо сите тројца започнале да го удираат ММА борецот и како што се претпоставува, некој од нив со остар предмет го прободел.

Рано утринава беше објавена уште една видео снимка од кафичот на која може да се забележи како гостите во еден момент бегаат, а потоа се гледа како тројцата напаѓачи удираат по Михајлович.

Еден од напаѓачите замавнал со пепелник по Михајлович, по што тој веднаш паднал на земја. Потоа напаѓачите започнале да го удираат уште неколку пати, а потоа еден од нив извадил нож и го забодел неколку пати во ногата. Веднаш потоа напаѓачите побегнале од локалот – наведува извор на истрагата.

Инаку Михајлович во вчера излезе од болница и е пуштен на домашно лекување.

Михајлович е сопруг на братучетка на Наташа Беквалац, ќерка на нејзината тетка Јелена Мркиќ.

Тој е поранешен шампион на SBC организацијата, еден од првите српски ММА борци признати на меѓународно ниво.

Видеото може да го погледате овде



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.