Едногодишно бебе од Холандија е повредено во Будва, откако автомобил ја прегази количката во која се наоѓало бебето, пренесуваат српските медиуми.

Човек поминува улица на пешачки премин со детска количка, кога во него удира автомобил и му ја прегазува количката со бебето во неа. Како што наведуваат српските медиуми, автомобилот го управувала Русинка.

Полицијата во Будва поднесе кривична пријава против Русинката, а бебето се здобило со полесни полесни телесни повреди и е пуштено од болница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.