Силниот земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала што ја погоди областа околу Сисак и Петриња се почувствува низ цела Хрватска, дури и во регионот, и предизвика огромна материјална штета во областа околу епицентарот.

За жал, покрај голема материјална штета, земјотресот однесе и неколку животи.

Информативен канал специјализиран за следење на елементарни непогоди ширум светот објави аудио запис за земјотресот.

Аудио-снимката е снимена од сеизмички снимач на 49 километри од епицентарот на земјотресот. Снимката е забрзана 20 пати, а на неа се слушаат два последователни земјотреси.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.