Во тешката сообраќајна несреќа што утринава се случи во центарот на Белград, Србија, животот го загубија три лица, сопружниците Раде Н. (42) и Јелена П. (20), како и синот на Раде од првиот брак Никола Н. (20).

Несреќата се случи пред зградата на Владата на Србија, а со нив во автомобилот марка БМВ било и двегодишното синче на Раде и Јелена, кое е тешко повредено и лекарите му се борат за животот.

Во меѓувреме се појави и видео од тешката несреќа во кое се гледа моментот кога автомобилот удира во комбето, па се удира во скалите од Владата. До несреќата по се изгледа дошло заради непочитување на светлосната сигнализација, односно откако автомобилот поминал на црвено.

Сите патници од комбето се живи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.