Државјанининот на Србија, Јован Мирковиќ (38) е уапсен во Белград под сомнение дека со неколку лица го планирал убиството на Горан Словиниќ и Марко Љубиша во Будва, соопшти полициската управа на Црна Гора.

Како што објавија црногорските медиуми, Интерпол од Подгорица го барал Мирковиќ врз основа на наредба од Високиот суд во Подгорица заради кривично гонење за кривични дела злосторничко здружување и за убиство.

Мирковиќ е заведен во полициската евиденција како член на организирана криминална група која имала за цел да изврши тешки кривични дела, а постои сомневање дека заедно со неколку лица го испланирал убиството на Горан Словиниќ и Марко Љубиша во Будва во 2018 и 2019 година. Мирковиќ е уапсен врз основа на договор меѓу Црна Гора и Србија за екстрадиција на сопствените граѓани – велат од црногорската полиција.

Јован Мирковиќ наводно е поранешен возач на наводниот водач на Кавачкиот клан, Слободан Кашчелан, кој беше уапсен во вторникот заедно со членови на криминална група.

Мирковиќ го „споил“ Бајрам Писта со таа организирана криминална група која според Писта, од него побарале да ги убие Марко Љубиша, Горан Словиниќ – Брала и новинарката Оливера Лакиќ.

Писта е уапсен на 29 април 2019 година. Минатата година тој одлучи да признае сè пред истражителите. Тој тврди дека му понудиле 200.000 евра за убиството на новинарката Оливера Лакиќ, затоа што таа видела некаква „тетратка“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.