Утрината околу шест часот во Белград возач на патничко возило БМВ предизвика тешка сообраќајна несреќа во центарот на градот, откако со голема брзина помина на црвено светло, по што удри во патничко комбе и се заби директно во зградата на Влада на Република Србија .

РТС објави снимка од интервенцијата на противпожарната бригада која патниците во БМВ-ото ги вадеа сечејќи го згмеченото возило.

Во тешката сообраќајна несреќа загинаа две лица, а седуммина се повредени.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.