Дете и две возрасни лица загинаа во страшната сообраќајна несреќа што утрово се случи кај Ниш. Повеќе од 22 лица се повредени, а надлежните стравуваат дека бројот на жртви ќе се зголеми.

Судир на воз и автобус кај Ниш (фото: РАС Србија)

До несреќата дошло кога воз удрил во автобус, во кој најголемиот дел од патниците се деца што одат на училиште и луѓе кои патуваат до работа во Ниш. На местото каде што се случил судирот нема рампа пред пругата.

Од силината на ударот автобусот на „Ниш експрес“ е преполовен, а возот излета од шините.

Судир на воз и автобус кај Ниш (фото: РАС Србија)

На лице место се нишкиот градоначалник и бројни екипи на полицијата, Брзата помош и Противпожарната бригада.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.