Воз излетал од шините откако удрил во карпа на линијата Краљево – Рашка во централна Србија.
Како што соопштија „Железничка инфраструктура“ на Србија, при инцидентот полесно е повреден машиновозач на патничкиот воз. Освен машиновозачот, нема други повредени, пред се поради тоа што во возот, во 4 часот наутро, биле само уште кондуктеорт и еден патник.
Според информациите од терен, карпа од околу пет кубни метри паднала од блискиот рид на патеката, а железничкиот сообраќај на тој дел од железницата во моментот е во прекин.
Помошен воз од „Инфраструктура на српските железници“ тргнал на местото на несреќата, со цел што поскоро да се расчисти железничката пруга и да се создадат услови за повторно воспоставување на железничкиот сообраќај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.